Триесет и деветгодишник бил приведен по физичка пресметка што ноќва се случила во кумановската населба Јане Сандански.
– На 25.06.2026 во 00:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа И.П.(39) од село Биљановце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Претходно, како што додаваат од полицијата, е пријавено дека во населба Бабин дол во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.П., 16-годишник и неговиот брат Х.М., сите од село Биљановце, кумановско.
– По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

