72-годишник од куманвско се заканувал на порнешната сопруга

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и двегодишник од кумановско бил агресивен и упатувал закани кон неговата поранешна сопруга.

– На 24.06.2026 во 10:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.В.(72) од кумановско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во селото се однесувал агресивно и упатувал закани кон неговата 66- годишна поранешна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засега нема да се затвораат училишта во Куманово, процесот на оптимизација е во тек (ВИДЕО)