Германците да се подготват за привремен прекин на струја

Сподели со своите пријатели

Германските граѓани треба да се подготват за привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија во наредните месеци, најави шефот на Федералната служба за цивилна заштита и помош при катастрофи, Ралф Тислер.

Loading...

„Мораме да очекуваме прекини во зима. Под ова мислам на регионален и привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија“, изјави Тислер за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Тој додаде дека Германците може да се соочат со затемнување и поради недостиг на енергија и како резултат на насочени, привремени исклучувања на мрежата од страна на операторите за да се заштити целата мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шестмина загинаа, еден повреден при пад на хеликоптер во Индија

Тислер рекол дека станува збор за краткотраен прекин на струја, пренесува Независне новине.

Кога го прашале за подготовка за потенцијално критични ситуации, Тислер одговорил дека складирал „главно вода и неколку гајби, како и конзервирана храна“ за итни случаи.

Тој ги повика Германците да бидат подготвени за можни кризи и да имаат на ум дека нема секогаш сè да биде лесно достапно.

„Последните неколку години покажаа дека луѓето треба да бидат подготвени за непредвидени кризи, а пандемијата е најдобар пример“, рече Тислер.

Тој рече дека во наредните години луѓето веројатно ќе имаат проблеми поради природни катастрофи предизвикани од климатските промени, додавајќи дека Германија треба да ја развие својата национална цивилна одбрана.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја испали балистичка ракета со дострел до 800 километри

Западните земји ги зголемија санкциите против Русија од почетокот на специјалната операција во Украина.

Прекините во синџирите на снабдување предизвикаа пораст на цените на горивото и храната низ Европската унија (ЕУ), како и во Соединетите Американски Држави (САД), туркајќи ја инфлацијата на рекордно ниво и предизвикувајќи зголемување на трошоците за живот.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.