Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека разговарал со лидерите на Франција и Германија за конфликтот во Украина, обвинувајќи го Киев дека го одложува секое можно решение.
Loading...
Говорејќи пред новинарите во Бали на самитот на Г-20, Лавров рече дека Украина одбива да разговара со Москва и дека претставила „нереални услови за мир“, пренесува Ројтерс.
Лавров рече и дека заклучил оти претседателот на Украина, Володимир Зеленски, не ги послушал советите на Западот, откако преку видеоврска одржа говор на самитот на Г-20 на Бали, наведувајќи предлози за мировен договор.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.