Русија воведува воена обука во училиштата

Сподели со своите пријатели

Основната воена обука ќе биде воведена во наставната програма на руските училишта, најави денеска министерот за образование Сергеј Кравцов.

Loading...

„Од следната учебна година ќе се воведе воена обука во училиштата. Во моментов се работи на нацрт-наставната програма, а по 1 јануари ќе започне тестирањето“, рече Кравцов во разговор со новинарите.

Претходно, руското Министерство за образование, како одговор на барањето на Сергеј Миронов, лидерот на „Праведна Русија“, фракција во рускиот парламент, соопшти дека работи на развој на основен курс за воена обука во училиштата и факултетите.

Курсот треба да трае 35 часа во период од пет дена.