Јуриј Ихнат, портпарол на украинските воздухопловни сили, на прес-конференција во Киев изјави дека Украина би можела да цели на ирански ракети на нивните локации за лансирање, кои се наоѓаат длабоко во Русија, пренесоа украинските медиуми.
– Мора некако да ги уништиме, веројатно од местото каде што се лансирани, бидејќи немаме ефективни средства за борба против балистички ракети, освен нивното физичко уништување во фазата на лансирање – објасни Ихнат.
Тој додаде дека иранските ракети имаат „дострел од 300 до 700 километри, што во принцип нема да биде ништо ново за Украина, бидејќи искандерите од руско производство се користат во агресија против Украина уште од првиот ден на војната“.
– Мислам дека врвот на армијата и нашите партнери работат на ова прашање, барајќи ефективни начини да се спротивстават на овие нови закани – рече Ихнат на прес-конференцијата.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.