Началникот на полицијата на регионот Киев, Андриј Небитов, објави видео за кое тврди дека покажува уништување на руски проектил над Киев.
Главниот град на Украина денеска беше погоден од серија руски ракети.
„Поради ударот врз објектите од критичната инфраструктура, дел од главниот град остана без струја. Во некои области на градот нема водоснабдување“, изјави Виталиј Кличко.
„Енергетските експерти работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија по оштетувањето на енергетскиот објект кој снабдува околу 350.000 станови во Киев. Експертите, заедно со другите служби за итни случаи и власти, прават се за да се стабилизира ситуацијата што е можно поскоро“, додаде тој.
Остатокот од земјата исто така не беше поштеден од ракетни напади.
На социјалните мрежи се појави видео од наводното соборување на руски проектил над Киев, со кој се фалат украинските сили.
Медиумите тврдат дека повеќе од 40 руски крстосувачки ракети денеска ја погодиле земјата.
🇷🇺💥🇺🇦💪Des missiles russes abattus par l’armée ukrainienne dans la région de Kiev
Vidéo du chef de la police nationale de la région de Kyiv Andriy Nebitov. pic.twitter.com/4kwDq6r9Ol
— Djavelina (@Djavelina_) October 31, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.