Астроунату на Европската вселенска агенција „ЕЅА“, Тим Пик на интернет објавил видео кој покажува како членовите на Меѓународната вселенска станица (ISS) приготвуваат кафе и ако го пијат во состојба на нулта гравитација.
Многумина мислат дека на софистицинарниот технолошки комплекс како што е Меѓународната вселенска станица се функционира по принцип на автоматизам, вклучувајќи го и приготвување на кафе.
Меѓутоа, видеото на Пик покажува дека и астроунаутите сами мораат да си приготват кафе.
Имено, заштитната амбалажа во која се наоѓа сувата мешавина на кафе, млеко и шеќер, потребно е да се спои на машина која во смесата додава вода. Подготвениот напиток можно е да се пие единствено со помош на специјални прилагодени вселенски цевчиња.
Многумина ќе се сложат дека ова и не е идеален начин за пиење на еден од најпопуларните напитоци во светот.
Тим Пик, 43-годишен инжинер е првиот Британец во вселената уште од 1991 година.