Ракометарките на Куманово забележаа два порази од страна на Макаби Аразим Раматган од Израел во рамките на Европскиот куп.
Loading...
По првите 30 минути резултатот беше 21-13 што дефинитивно беше најава за негативниот резултат на избраничките на Ристова, негатива која само продолжи да расте во вториот дел за конечни на крајот 43-23.
Пораз кумановки претрпеа и во првиот натпревар, кој исто така се играше во Израел, кога со 26:25 триумфот го однесоа домаќините.
Со двата порази ракометарките на Куманово не го продолжуваат својот настап во Европскиот куп и останува целата енергија да ја вложат во домашните натпреварувања.
Никола Ивановски