Руската ТВ-новинарка Марина Овсијаникова, обвинета за ширење лажни вести по организирањето на серија осамени протести против војната во Украина, денеска изјави дека побегнала од домашен притвор, пренесува Танјуг.
– Се сметам себеси за целосно невина, а бидејќи нашата земја одбива да ги почитува сопствените закони, одбивам да ги почитувам мерките за забрана што ми беа изречени на 30 септември 2022 година и се ослободувам од нив – рече таа.
Во видеото објавено на Telegram, таа седна на розова софа и се обрати до Федералната затворска служба на Русија, критикувајќи го претседателот Владимир Путин за војната, пренесува Ројтерс.
– Ставете му вакво нешто на Путин – рече таа покажувајќи на електронска нараквица за глуждот.
“Dear employees of the Federal Penitentiary Service, put such a bracelet on Putin. It is he who must be isolated from society and tried for the genocide of the people of Ukraine and for the fact that he massively destroys the male population of Russia,” said Marina Ovsyannikova. pic.twitter.com/tZTQpUAD5m
— NEXTA (@nexta_tv) October 5, 2022
Нејзиниот адвокат рече дека таа требало да се појави на рочиштето утрово, но дека истражителите не успеале да утврдат каде се наоѓа.
Инспекторите побараа од судот да ја преобрази нејзината оригинална наредба за домашен притвор во затвор доколку биде пронајдена, но судот одби, рече нејзиниот адвокат.
Овсијаникова го привлече глобалното внимание во март појавувајќи се пред студиските камери за време на вечерните вести на државната телевизија со плакат на кој пишуваше „Стоп за војната“ и „Те лажам“.
Кремљ потоа го осуди нејзиниот чин на протест како „хулиганство“.
44-годишната жена доби два месеци домашен притвор во август, откако, за време на протестите во јули, застана на насипот на реката спроти Кремљ и држеше плакат со кој Путин го нарекува убиец, а неговите војници фашисти.
Таа се соочува со 10 години затвор доколку биде прогласена за виновна за ширење лажни вести за руските вооружени сили.
Нејзиниот домашен притвор требаше да трае до 9 октомври, но државната новинска агенција во саботата објави дека побегнала со нејзината 11-годишна ќерка и не се знае каде се наоѓа.
На 4 март, осум дена по почетокот на конфликтот со Украина, Русија усвои нови закони против дискредитација или дистрибуција на „намерно лажни информации“ за вооружениот конфликт.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.