Рускиот претседател Владимир Путин денеска би можел да ѝ се обрати на нацијата, објави независниот весник „Радовка“.
Недолго потоа стигна демант од Кремљ.
Имено, весникот „Радовка“ објави информација дека Путин би можел да ѝ се обрати на јавноста и да го промени статусот на „специјалната воена операција“, како што ја нарекува руската инвазија на Украина од почетокот на војната.
Russian media outlet Readovka: “Vladimir Putin may address the nation today to change the status of the special operation”
(Haven’t seen this report anywhere else) pic.twitter.com/ZEz63dRcxw
— Steve Lookner (@lookner) October 5, 2022
Меѓутоа, не долго потоа, пристигна демант од Кремљ.
– Рускиот претседател Владимир Путин во моментов не планира да и се обрати на нацијата на тема „реформатирање“ на Специјалните воени операции (СВО).
Ова во средата им изјави на новинарите прес секретарот на шефот на државата Дмитриј Песков, пишува ТАСС.
Песков, одговарајќи на прашањето дали е можно вакво обраќање на Путин денеска, рече: „Не, нема, тоа се лажни вести“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.