Стотици граѓани учествуваа на протестите во Тунис против сиромаштијата, високите цени и недостигот на одредени прехранбени производи.
Граѓаните учествуваа во протестите, со што го зголемија притисокот врз претседателот на државата Каис Саид да ја реши економската и политичката криза во земјата, јавува денеска Ројтерс.
Протестот во главниот град се одржа во текот на изминатата ноќ, дел од граѓаните во рацете држеа погачи, а младите палеа гуми.
Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.
Тунис се соочува со инфлација од речиси девет проценти и недостиг на многу прехранбени производи, вклучително и основните, бидејќи земјата не може да го плати увозот на оваа храна.
Тунис бара помош од Меѓународниот монетарен фонд за да ги спаси јавните финансии од колапс.
Тунис се соочува и со сериозна политичка криза откако претседателот Саид минатата година ја презеде контролата врз извршната власт и го распушти парламентот.
Неговите противници тие потези ги нарекоа државен удар.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.