Русија изврши осум ракетни напади врз Кривји Рих, а водата се заканува да го загрози овој украински град, соопшти претставник од кабинетот на претседателот на Украина, Кирил Тимошенко.
„Денеска Криви Рих беше погоден, според прелиминарните податоци, од осум руски крстосувачки ракети. Тоа е терористички напад врз нашиот народ, врз одреден град. Мета на проектилите беше инфраструктура која е од витално значење за жителите“, напиша Тимошенко на Телеграм.
Криви Рих, град во јужна Украина, се соочува со зголемување на нивото на водата по воздушен напад вчера околу 17 часот, бидејќи осум крстаречки ракети од авион беа истрелани врз локалната инфраструктура, особено хидрауличните објекти, изјави украински официјален претставник.
Тимошенко, заменик началникот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, претходно изјави дека во нападот нема цивилни жртви и ја обвини Русија дека на овој начин се обидува да предизвика паника меѓу населението.
Тој исто така рече дека ситуацијата во градот е под контрола и дека итните служби веќе ги отстрануваат последиците од ракетните напади, со координација на армијата на лице место, наведува Укринформ.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.