Турција: Ерменија да престане со провокациите против Азербејџан

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска ја повика Ерменија да ги „запре провокациите“ против Азербејџан.

Loading...

„Ерменија треба да престане со своите провокации и да се фокусира на мировните преговори и соработката“ со Баку, напиша Чавушоглу на Твитер.

На три места на границата на Ерменија и Азербејџан денеска траат големи судири.

Ереван ги обвини силите на Баку дека сакаат да напредуваат на ерменска територија.