Чарлс III пред пратениците вети дека ќе им служи на граѓаните како мајка му

Сподели со своите пријатели

Кралот Чарлс Трети првпат им се обрати на пратениците во Парламентот како монарх.

Loading...

Тој рече дека решително ќе го следи примерот на неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора.

Кралот Чарлс III и кралицата Консорт Камила седнаа на своите тронови во домовите на Парламентот додека членовите на парламентот присутни му изразија сочувство за смртта на кралицата Елизабета Втора.

Кралот Чарлс III им се заблагодари на пратениците за нивното сочувство и поштата до неговата неодамна почината мајка и рече дека кралицата Елизабета Втора е модел како да се однесуваме и живееме за сите живи принцови.

Тој истакна дека кралицата Елизабета Втора го посветила својот живот на служење на својата земја и народ и поддржување на скапоцените принципи на уставната влада кои, како што вели, лежат во срцето на британската нација.

„Таа дава пример за несебично извршување на должноста што, со Божја помош и ваша согласност, јас сум решен да го следам верно“, рече кралот Чарлс Трети.

Во својот прв говор пред пратениците во Вестминстерската сала, најстарата зграда во парламентарниот комплекс, тој рече дека Парламентот е „жив инструмент на демократијата во Обединетото Кралство.

„Додека стојам пред вас, не можам а да не ја почувствувам тежината на историјата што не опкружува и ме потсетува на клучните традиции на парламентот на кои членовите на двата дома се посветени за доброто на сите“, рече тој.

Loading...

Потоа беше интонирана британската химна, а кралот Чарлс Трети со сопругата Камила ќе замине во Единбург, каде што е изложен ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора.

Кралот Чарлс III и кралицата Консорт Камила ќе летаат за Единбург, каде што кралот ќе оди зад ковчегот на кралицата од палатата Холирудхаус до катедралата Свети Џејмс.

Кралот подоцна ќе се сретне со шкотската премиерка Никола Старџен по што ќе дојде во шкотскиот парламент за да прими сочувство.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.