И годинава во Куманово ќе се одржи изложба на расни кучиња во организација на Кинолошкото друштво „Кинолог“, а во соработка со Македонски клуб на Кавкаски овчар.
Loading...
Манифестацијата годинава ќе трае два дена, односно на 17 и 18 септември на спортските терени на градскиот кеј со почеток од 10 часот.
Настанот ќе се состои од два дела. Првиот ќе биде за државни изложби во убавина на расни кучиња, а вториот дел за специјализирана клубска изложба за кавкаски овчар.
На изложбата кучињата ке бидат оценувани од реномирани судии од Србија и Македонија.
Најавени се учесници од повеќе балкански и европски држави.
Сите учесници ке добијат пригодни награди.
Никола Ивановски