Зошто Балморал е омиленото место на Кралицата Елизабета?

Сподели со своите пријатели

Кралицата Елизабета Втора моментално е под медицински надзор во замокот Балморал во Абердиншир, Шкотска – едно од нејзините омилени места.

Loading...

Елизабета патува до имотот секое лето и обично ѝ се придружуваат и други членови на семејството.

Оние кои ги посетиле зборуваат за семејните скари што се одржуваат на имотот, каде што готвел војводата од Единбург, а кралицата ги миела садовите.

Откако Филип и принцезата Елизабета се венчале во 1947 година, тие поминале дел од својот меден месец во големата ловечка куќа на имотот.

Принцезата Евгенија, внуката на кралицата, еднаш го опиша Балморал како најубавото место на планетата.

– Прошетки, излети, кучиња, многу кучиња, секогаш има кучиња, а луѓето постојано влегуваат и излегуваат – рече таа.

Замокот ѝ бил предаден на кралицата преку генерации кралски семејства откако принцот Алберт го купил за кралицата Викторија во 1852 година.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.  

Loading...