На Табановце откриени превозници без соодветна документација

Сподели со своите пријатели

Два патнички автомобили и еден автобус кои вршеле меѓународен превоз на патнции без соодветна документација биле откриени на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 06.09.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај две патнички возила и еден автобус кои вршеле меѓународен превоз на патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(51) од с.Матејче, липковско, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(53) од с.Василево, струмичко и патничко возило – комби „фиат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(24) од с.Градец, виничко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка тешко повредена откако во неа удрил велосипед

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

Никола Ивановски