Кулеба ја повика ЕУ да го забрани доаѓањето на руски туристи

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во средата ја повика Европската унија да ги забрани руските туристи, опишувајќи ја мерката како соодветна бидејќи повеќето Руси ја поддржуваат „геноцидната агресивна војна“ на нивната земја против Киев.

Loading...

„Времето за полумерки заврши“, рече Кулеба за Ројтерс пред вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во среда во Прага.

„Само строга и конзистентна политика може да даде резултати“.

Се очекува министрите да се согласат да го суспендираат договорот за визно олеснување со Москва, што значи дека Русите ќе мора да чекаат подолго и да плаќаат повеќе за визите, додека блокот најверојатно ќе остане поделен околу целосната забрана за патување во ЕУ.

„Забраната на визите за руските туристи и некои други категории ќе биде соодветен одговор на руската геноцидна агресивна војна во срцето на Европа, која ја поддржува огромното мнозинство руски граѓани“, рече Кулеба во изјавата за Ројтерс испратена по е-пошта.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.