Епидемијата на мајмунски сипаници во Европа може да се елиминира, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација (СЗО), со докази дека бројот на нови случаи се намалува во неколку земји.
– Со оглед на скудното снабдување со вакцини и времето потребно за вакцините да се администрираат и да почнат да работат, факторите како раното откривање, порано самоизолирање и одговорното однесување на заразените се чини дека играат важна улога, рече Кетрин Смолвуд, одговорна за одговор на инциденти.ситуации и итни случаи во СЗО/Европа, пренесува Ројтерс.
– Веруваме дека можеме да го елиминираме континуираното ширење на мајмунски сипаници од човек на човек на тлото на Европа – изјави регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге.
Сите информации поврзани со епидемијата на мајмунски сипаници можете да ги прочитате ТУКА.