Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека шестмесечната војна има катастрофално влијание врз здравјето и животите на украинскиот народ, но дека и покрај бројните предизвици, здравствениот систем успеал да опстане и пружи нега кога е најпотребна.
Тој посочи дека, иако потресен, здравствениот систем во Украина не е колабиран.
Тој најави дека СЗО ќе продолжи да го поддржува украинското Министерство за здравство да ги врати нарушените услуги, да ги врати раселените здравствени работници и уништената инфраструктура.
Ова, наведува тој, е од суштинско значење не само за здравјето на украинскиот народ, туку и за издржливоста и закрепнувањето на земјата.
„Но, ниту еден систем не може да обезбеди оптимална здравствена заштита под товарот на војната, поради што ја повикуваме Русија да го прекине овој конфликт“, рече Тедрос.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.