Норвешка и Британија испраќаат микро дронови во Украина

Сподели со своите пријатели

Норвешка и Велика Британија заеднички ќе испорачаат микро дронови на Украина, како воена помош во војната со Русија, соопшти денеска норвешкото Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Loading...

Вредноста на беспилотните летала Teledyne Flir Black Hornet, кои се користат за извидување и идентификација на целта, е до 9,26 милиони долари, се вели во соопштението на Министерството.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави вчера дека неговата земја планира да и испорача дополнително оружје на Украина, во вредност од над 500 милиони евра, изјави неименуван извор за Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.