Се поставува и последниот слој асфалт на кружниот тек помеѓу булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово, кај локалитетот „Митев мост“, соопштија денеска надлежните од општината.
Loading...
Во тек е поставување на завршниот асфалтен слој на кружниот тек помеѓу булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска Револуција“, напиша градоначалникот Максим Димитриевски
Loading...
Од општинскиот буџет за изградбата на овој кружен тек одвоени се 35 милиони 868.459, 85 денари со вклучен данок на додадена вредност, а на тендерот избран е најповолниот изведувач, струмичката фирма, „Жикол“.
Претходно заврши и изградбата на кружниот тек кај локалитетот Серева.
Loading...
Никола Ивановски