Шојгу: Руските трупи го зазедоа Мариупол

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека руските војници веќе го зазеле Мариупол.

Loading...

Тој на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин рече дека во фабриката Азовстал останале 2.000 милитанти.

Шојгу рече дека ситуацијата во украинскиот пристанишен град засега е мирна.

 

ПУТИН ОБЈАВИ: Мариупол е освоен!

 

– Ситуацијата во градот е мирна и тоа ни овозможува да почнеме да воспоставуваме ред, да го враќаме населението во градот и да воспоставиме мирен живот – рече Шојгу.

Тој се осврна и на оние кои побегнале во челичарницата Азовстал, велејќи дека ќе им требаат „околу три до четири дена за да ја завршат и таа работа“.

Loading...

– Милитантите во Мариупол четири пати се покриваа со цивили кога се повлекуваа, протерувајќи ги од подрумите на куќите – рече Шојгу.

 

Хајдаи: Русија контролира 80 отсто од регионот Луганск

 

Според него, во времето на опсадата на градот „бројот на припадниците на вооружените сили на Украина, на националистичките формации, како и на странските платеници изнесувал повеќе од 8.100 луѓе“.

Шојгу рече дека повеќе од 4.000 припадници на украинските сили биле убиени за време на битките за Мариупол, дека 1.478 од нив се предале, а група од 2.000 од нив биле блокирани во индустриската зона на фабриката Азовстал.

– Вооружените сили на Руската Федерација и Република Донбас во Мариупол ги презедоа сите мерки за заштита на населението – му рекол тој на Шојгу Путин.

 

Loading...

Хајдаи: Русија контролира 80 отсто од регионот Луганск

 

Според него, „и покрај противењето на милитантите“, од тој град биле евакуирани повеќе од 142.000 граѓани, а ослободени се сите заложници во пристаништето.

Да потсетиме, Путин денеска нареди да се откаже од нападот на фабриката за челик Азовстал.