Украина: „Заложници на Русите ги пишувале имињата на загинатите на ѕидот“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Украинското Министерство за одбрана објави дека руските сили држеле околу 300 луѓе како заложници четири недели во подрумот на едно училиште во близина на Чернихив во северна Украина.

Loading...

Украинците на Твитер објавија дека руските сили ги зеле како заложници жителите на селото Јахидне, околу 140 километри северно од Чернихив.

 

И Трамп руската инвазија ја нарече геноцид

 

Украинската страна наведува дека за време на руската окупација на селото загинале 18 лица.

Во твитот беше објавена и фотографија од ѕидот.

Од Министерството за одбрана тврдат дека заложниците на ѕидот ги напишале имињата на загинатите во подрумот.

Loading...

 

Специјалците објавија фотографии: Го уништивме мостот кога преку него поминуваше руски конвој

 

Овие тврдења не се независно потврдени. Но, дописникот на Би-Би-Си, Јогита Лимаје, минатата недела беше во селото Јахидне и разговараше со жителите.

Тогаш им било кажано дека околу 130 луѓе биле сместени во просторија од околу 65 квадратни метри.