Бура направи хаос во Германија: Има тешко повредени

Сподели со своите пријатели

Првата есенска бура што ја погоди Германија оваа година предизвика материјална штета и повредени на запад и југозапад од земјата.

Паднаа дрвја и гранки, некои области привремено останаа без електрична енергија, а беше нарушен и железничкиот сообраќај.

Пожарникарите и полицајците се ангажирани во отстранувањето на последиците од бурата.

Две лица се сериозно повредени кога налетот на ветер урна зграда во близина на пазарот во Наштетен, западно од Франкфурт.

Според полицијата, едно од повредените лица е префрлено во болница со хеликоптер и е во критична состојба.

Во Зелигенштат, југоисточно од Франкфурт, велосипедист бил удрен од гранка што паднала од дрво, поради што интервенирале пожарникарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започнаа локалните и регионалните избори

Во Лебах, пешак претрпел полесни повреди кога бил удрен од рекламен знак.

Патниците на главната железничка станица во Карлсруе пријавиле „огромни искри“ откако предметот удрил во надземните далноводи.

Паднати дрвја ги блокираа и железничките пруги во близина на Нојс, како и во Штутгарт.

Според прогнозите, бурата „Остин“ денес ќе се движи кон Данска и Балтичкото Море.

Сепак, се очекува дека уште една бура ќе зафати делови од Германија вечерва и дека би можела да донесе обилни дождови, пренесува ДПА.