Балистичка ракета лансирана од Хутите беше пресретната над Ријад

Сподели со своите пријатели

Коалицијата од арапски земји, предводена од Саудиска Арабија, објави дека балистичка ракета лансирана од јеменските бунтовници Хути е пресретната утрово над Ријад.

Портпаролот на коалицијата објави на платформата X дека воздушната одбрана пресретнала и уништила балистичка ракета лансирана од Хутите кон Ријад.

Саудиската цивилна заштита претходно издаде предупредувања за вонредни состојби за Ријад, Наџран и Вади ал-Давасир, а подоцна беше објавено дека опасноста поминала за сите три области, објави Ал Џезира.

Коалицијата претходно објави дека дрон е пресретнат и уништен во Источната покраина на Саудиска Арабија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започнаа локалните и регионалните избори