Германските пиварници најавуваат поскапување на пивото

Сподели со своите пријатели

Пиварниците во Германија најавуваат поскапување на пивото поради поскапувањето на енергијата и суровините.

Loading...

„Пиварниците се пред драматичен развој. Гледаме невидени зголемувања на цените на суровините, енергијата и логистиката“, изјави за Ројтерс Холгер Ајхеле, директор на Здружението на германски пиварници.

 

Унгарија: Повеќе луѓе загинаа во судар меѓу комбе и воз

 

Според него, трошоците драстично растат и се закануваат целосно да излезат од контрола, пренесува Танјуг.

Тој нагласи дека поради тоа не може да биде изненадување што драстичното поскапување на производството ќе мора да се одрази и на потрошувачите.