Путин разговараше со Лукашенко, ќе разговара и со Ердоган

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко денеска разговарале телефонски, пренесе агенцијата Белта.

Loading...

Рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонскиот разговор го информирал својот белоруски колега Александар Лукашенко за текот на руската воена операција во Украина и дал оценка за преговорите меѓу руските и украинските претставници, соопшти Кремљ.

 

Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина

 

Путин и Лукашенко разговарале по повод Денот на единството на народите на двете земји, кој се одбележува утре, и си размениле честитки, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Санкциите за руската нафта значително влијаат на финансирањето на војната на Путин

Двајцата претседатели разговараа за бројни актуелни прашања од билатералната соработка и унапредување на интеграцијата на Сојузната држава Русија и Белорусија.

Белорусија не учествува во воената операција што Русија ја започна на 24 февруари во Украина, но ја поддржа Русија и е под санкции на западните земји.

Loading...

 

Бројот на загинати во рускиот напад врз Миколаев се искачи на 28, соопшти Украина

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски ќе разговара со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, соопшти Кремљ.

Ердоган, кој во четвртокот разговараше со својот украински колега Володимир Зеленски, рече дека Турција е подготвена „во принцип“ да биде гарант за безбедноста на Украина, но дека деталите за таков формат мора да се разработат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Црните кутии на авионот Џеџу Ер не содржат податоци од последните четири минути пред падот

Анкара се понуди да биде посредник во конфликтот, потсетува Ројтерс.