СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.З. (17), М.И. (22) и Ф.Ј. (23), сите од с.Лојане, Оштина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Loading...
На 15.05.2015 година, околу 02,00 часот, во дворот од селската џамија во с.Лојане – Кумановско пријавените со физичка сила и со употреба на нож извршиле разбојништво над Е.Х.(20) од Авганистан, одземајќи му мобилен телефон и 400 евра, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 36.000 денари.
На истиот му е нанесена тешка телесна повреда – расекотина во пределот на левата рака, а од страна на судија за претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.