Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е пренесен во болница во главниот град на Бразил на преглед поради можна блокада на цревата, соопштија официјални лица.
Loading...
Оваа информација за агенцијата АП ја потврди министерот за институционална безбедност, генерал Аугусто Хелено.
Болсонаро неколку пати беше во болница откако напаѓач го прободе во стомакот за време на изборниот митинг во 2018 година. Оттогаш беше опериран неколку пати, а претседател стана во 2019 година.
Бразилските медиуми јавуваат дека претседателот почувствувал непријатност за време на ручекот.