Улиците Белановска, Ѓорче Петров и патот кон Бејтови ниви добија нов лик (фото и видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово денес изврши увид во тековниот проект за реновирање на постоечката патна инфраструктура, поточно на ул. Белановска во нас. Вера Которка во должина од 800 метри.

Loading...

12190816_10206186013063715_3691645401425649922_n

Крпењето на патната инфраструктура како и реконтструкција на некои улици ќе ја чини општината близу 20 милиони денари, истакна Дамјановски, при што од ноември ќе се менува и постапката за санација, со оглед дека Куманово има 180 километри патна инфраструктура и целиот проект ќе биде завршен за една година.

  • Со санирањето на улицата Белановска ќе решиме долгогодишен проблем, со оглед дека овој пат не е изграден според план и димензии на урбано – планско планирање. Се работи за 800 метри односно 2400 м/2, со што продолжуваме да ги санираме останатите десетина проценти од улицата, истакна Дамјановски.

12049610_10206182628979115_7629662405872454050_n

Во моментот, општина Куманово ја заврши санацијата на ул. Ѓорче Петров во нас. Перо Чичо, како и тампонирање на патот во делот познат како Бејтови ниви.