МВР со детали за вчерашното приведување во Куманово

Сподели со своите пријатели

Врз основа на добиени судски наредби, во текот на вчерашниот ден, МВР изврши претреси на три локации во Куманово.

Loading...

При претресите пронајдени и привремено одземени се: четири парчиња од по 200 грама ТНТ со кафеава боја,  знаме на Р.Албанија со натпис ИЛИРИДА, покана од УЧК, десетина ЦД-eа, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ мемориски стикови, компјутери, фотографии и филм за апарат.

По завршување на претресот приведени се Р.Р.(44) и Р.Ш.(38).

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи кривична пријава против Р.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“.

Против истиот и во претходниот период биле поднесени кривични пријави за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и недозволена трговија со оружје.

Leave a Reply