Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски заедно со премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, пратеници, советници, политичари, претседателот на кошаркарската федарција Перо Антиќ и многу поранешни спортисти, вчера присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на игралиштето во комплексот Соколана.
Ова е само прв дел од враќањето на сјајот на овој спортски центар, а че следува и обновување на самата сала која е во многу лоша состојба откако со години беше под концесија и општината немаше владение над неа.
На иницијатива на спортскиот новинар од Куманово Марјан Стошевски, Соколана ќе го врати стариот сјај, а како благодарност за испишаните убави спортски спомени им беа врачени благодарници на над 180 поранешни спортисти.
Во продолжение фотогалерија од настанот:
Никола Ивановски