Кумановец со метален предмет нападнал полицаец

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчера откако со метален предмет нападнал полициски службеник.

Loading...

– На 30.05.2021 во 11.45 часот во с.Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле О.Ц.(46) од с.Љубодраг затоа што со метален предмет нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply