Во последно време, големите компании преземаат различни чекори за да ги обезбедат своите системи. Приватноста и безбедноста на интернет стануваат сè поголем проблем, но се чини дека некои не се грижат толку за нивната безбедност и приватност затоа што лозинките што ги користат на разни профили се трагично наивни.
Порталот NordPass објави список со 200 најлошо користени лозинки во 2020 година, и неверојатно е што многу луѓе сè уште користат лозинки како „123456“, „password“ итн.
Најлошо од сè, првите 20 најчести лозинки се всушност најлесни да се разбијат, пренесува Bytebox.
Иако повеќето од денешните интернет портали кои бараат регистрација препорачуваат кодот да не биде „123456“, вашето име или нешто друго, сепак голем број на корисници не посветуваат толку внимание на тоа.
Еве го списокот на Топ 20 најлоши лозинки во 2020 година:
123456
123456789
picture1
password
12345678
111111
123123
12345
1234567890
senha
1234567
qwerty
abc123
Million2
000000
1234
iloveyou
aaron431
password1
qqww1122