Педесет и едногодишен кумановец вчера починал на железничка станица, откако првин му се слошило додека ги извршувал работните задачи.
Loading...
– На 30.10.2020 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 10.20 часот на пругата помеѓу железничка станица „Агино Село“ и железничка станица „Дељадровци“, на С.В.(51) од село Долно Којнаре, кумановско, кој извршувал работни задачи во локомотива, му се слошило, а од страна на С.Д.(63) од Куманово бил пренесен на железничка станица „Миладиновци“ каде од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено во судска медицина за обдукција.
Никола Ивановски