Момче на возраст од 27 години од Куманово починало на Инфективната клиника во Скопје од Ковид-19, јавува порталот МКД.мк.
Loading...
Од министерството за здравство, за порталот ја потврдиле информацијата, додавајќи дека момчето било примено на Инфективната клиника во исклучително тешка состојба.
Претходно27-годишникот бил неколку дена се лекувал дома, бил под надзор на матичен лекар, а 2 дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница.
Момчето немало хронични заболувања освен покачена телесна тежина.
Извор: МКД.мк