Двајца повредени викендов во сообраќајка во Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна незгода што викендов се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

– Завчера во 10.00 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од регионален пат Куманово-Свети Николе и бул.„Трета македонско-ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(35) од с.Биљановце, Кумановско и „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(23) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата С.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а Г.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата Болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply