Ракетен напад е извршен синоќа еден час по полноќ врз вториот по големина азербејџански град Ганџа.
Во нападот загинале 12 луѓе, повредени се повеќе од 40 лица и причинета е значителна штета врз цивилна и транспортна инфраструктура, соопшти државното обвинителство на Азербејџан.
Истовремено, воени сили во Нагорно Карабах тврдат дека утрови биле гранатирани Степанакерт и Шуша, при што се повредени цивили.
Според азербејџанските власти, во нападот е причинета сериозна штета врз цивилна инфраструктура и сообраќајници.
Се додава дека Ганџа е нападната со ракети „Скад“ (Р-17) и тоа од територија на Ерменија, а ерменската страна ги демантира таквите наводи.
Во тек е спасувачка акција, со цел да се утврди дали има цивилно население под урнатините на зградите.
Габриела Точко