Возрасните споделија совети за кои мислат дека тинејџерите мора да ги знаат!

Сподели со своите пријатели

Не постои ништо толку моќно како да добиете брутално искрени совети што можат значително да го подобрат вашиот квалитет на живот.

Loading...

Затоа корисникот на социјалните мрежи Reddit NotViperX побара од возрасните да споделат нешто што мислат дека секој тинејџер треба да го знае. И знаете што? Некои од нас можеби не се повеќе тинејџери, но корисно е да се потсетувате на некои од овие совети од време на време, пишува Bored Panda.

Зошто тинејџерите експериментираат со алкохолот и цигарите?

1. Извинувањето е знак на сила, а не на слабост. Сите понекогаш грешиме, кога ќе го прифатите тоа, растете како личност.

2. Научете да му верувате на вашиот инстинкт кога сте во невообичаени ситуации. Ако имате чувство дека нешто не е како што треба, веројатно сте во право.

3. Во ред е да кажете „не“ било кому. Не дозволувајте некој да ве убеди да направите нешто што не сакате и тоа ве прави да се чувствувате непријатно.

Децата чувани од бабите и дедовците израснуваат во пољубезни и попаметни тинејџери

 

Loading...

 

4. Кога некој ќе ви каже дека не можете да направите нешто во животот, тоа значи дека тој не може да го стори тоа, не дека вие не можете.

Руски експеримент кој леди крв во вените: Ги замолиле тинејџерите 8 часа да бидат без мобилен и интернет

5. Повеќето ваши пријатели се резултат на географска погодност. Само затоа што сте пораснале во пријателство со соседот или колега на факултет, не значи дека им ја должите вашата лојалност кога ќе почнат да се однесуваат лошо со вас.

6. Научете да готвите. Тоа е многу поевтино и обично побрзо отколку да одите на ручек или вечера.

7. Неуспехот е во ред.

8. Започнете да штедите пари сега. Подоцна сигурно ќе бидете благодарни на себе.

Loading...

9. Луѓето (работодавците и сл.) ќе ја искористат вашата наивност. Во многу случаи, ова ќе биде незаконско.

Младите созреваат се подоцна: Остануваат тинејџери и на 24 години

10. Научете да ги препознавате сигналите за токсични врски. Сето ова честопати може да започне уште во средно училиште и, пред да сфатите, ќе изгубите години од животот заради улогата на нечија жртва.

 

 

11. Ако не чувствувате страст кон нешто, научете нови вештини. Може да ја пронајдете вашата страст или нешто во што сте добри.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Тинејџерите помалку пушат „трева“ ако е легална

Loading...

12. На касиерките не им е гајле дали купувате кондоми.

13. Вие сте одговорни за сопственото образование и немате апсолутно право да обвинувате некого ако не го сфатите сериозно училиштето. И бидете љубезни со вашите наставници. Тие се обидуваат да ви дадат иднина.

13. Навистина не е важно што мислат другите за тебе. Важно е само што мислите за себе. Живејте го својот живот така што на крајот на денот ќе можете да се погледнете во огледало и да бидете горди на сработеното. Исто така, лајковите од социјалните мрежи не значат ништо. Ако објавите нешто што добива нула лајкови или позитивни реакции, утре сепак ќе се разбудите подготвени да продолжите понатаму.

Дали е премал и до кога расте? Прашања кои ги мачат сите тинејџери!

14. Не одложувајте да се позанимавате со проблеми со менталното здравје. Развивање на нездрави механизми за справување со емоционални проблеми во голема мера ќе ве „зезне“. Ако имате проблем, поправете го сега. Можеби ќе потрае некое време, но веднаш започнете да работите на проблемот.

15. Можете да го преиспитувате авторитетот. Ако надлежниот огран направи или каже нешто што мислите дека не е во ред, може да го доведете тоа во прашање.

Loading...

Фотограф им дал на тинејџери да ги изменат своите фотографии, а резултатот е загрижувачки (ВИДЕО)

16. По средното училиште, животот станува многу подобар.

 

 

Loading...

17. Кога ќе направите грешка, прифатете ја. Луѓето се повеќе подготвени да ви помогнат кога ќе признаете дека сте направиле глупава работа. Ова важи за училиштето, работата и приватниот живот.

18. Избегнувајте долгови, заеми и кредити ако е можно.

19. Научете друг странски јазик. Тоа е добро за вашиот мозок и е многу полесно кога сте млади.

Владина реклама: Порно ѕвезди ви ѕвонат на врата и го бараат вашиот син (ВИДЕО)

20. Да се има некој што ги сака истите работи како тебе не е нешто што треба да го земеш предвид кога градиш пријателства. Можно е да стекнувате пријателство со луѓе кои сакаат тон работи за кои никогаш не сте чуле или веќе сте одлучиле дека не ви се допаѓаат. Вие сте во момент во животот каде што многу ваши допаѓања и недопаѓања може да се променат во секој случај.

Loading...

Најважното: Создавањето ново пријателство често бара време. Многу време. Многу подолго отколку што се чини во филмовите и сериите.

Leave a Reply