Дали е премал и до кога расте? Прашања кои ги мачат сите тинејџери!

Сподели со своите пријатели

Секој тинејџер порадо или подоцна се прашува дали таму долу е се како што треба да биде, а најчеста е грижата за големината на пенисот.

Што се однесува до тоа прашање, нема некои одредени мерки за кои би требало да се каже: „Да, тоа е пенис со нормална големина“.

Всушност, се е нормално, затоа што се разликува должина на раце или нозе од тинејџер до тинејџер, така и со машкоста. Сосема е нормално тинејџер од 13 години да има поинаков пенис од деветнаесетгодишник и затоа сите споредби од ваков тип не треба да се прават.

Момчињата започнуваат физички да се развиваат во различен период од животот. Некои влегуваат во пубретет на 9 години, додека други на таа возраст се вистински деца и започнуваат да се развиваат на 13, 14 години или подоцна.

Верувале или не, постои Музеј на пениси (видео)

Loading...

Растот на пенисот е составен дел од пубертетот исто како и растот на влакната, развој на тестиси, мускулна маса, височина и промена на гласот. Обично оние кои подоцна започнуваат да се развиваат подоцна тоа и го надополнуваат, така да ако подоцна достигнат зрелост, тоа не е никаква причина за паника. Тоа едноставно значи дека природата така одлучила.

Освен што твојот пенис има поинаква должина од оној на некој друг, има и поинква форма и боја. Тие особини се наследни, исто како и бојата на очите или величината на стапалата.

Освен тоа, без оглед на тоа што си го научил, слушнал или прочитал, мора да знаеш дека никакви вежби, посебна исхрана или лекови не можат да влијаат на промената на величината или било која друга карактеристика на пенисот.

Исто така, размислете дека работите од птичја перспектива изгледаат помали одшто се, па така неретко на поголемиот дел од момчињата нивниот пенис им изгледа мало. Освен тоа, кога пенисот е во ерекција, многу помалку се разликува од момче до момче за разлика од тоа кога е опуштен.

Освен за големината, момчињата се загрижени и за други работи, како на пример, дали е нормално пенисот да оди малку повеќе на лева или десна страна. Одговорот е да, тоа е сосема нормална појава и нема причина за грижа.

Ништо не може пенисот да го направи голем како стареењето. За жал, растот на „алатот“ престанува нешто пред дваесеттата година.

Кога ќе влезеш во пубертетот, многу е важно да се вршат редовни прегледи на тестисите и тоа е многу пиважно од големината на пенисот. Најдобро би било тоа да го прави лекар, но може да го направите и сами. Туморот на тестиси не е чест кај тинејџерите, но сепак се случува, па не е на одмет да се врши превенција. Најдобро е со полна дланка да се опфати тестисот и полека да се помера. Треба да се замине кај лекар доколку се забележни било каква неправилност или болка.

Село на Карибите каде на девојчињата во пубертет им растат пениси, а еве и зошто (видео)

Бидејќи е утврдено дека не може да се даде прецизна величина на пенисот во сантиметри ви ги претставуваме сите фази од машкиот пубертет.

ФАЗА 1

Првата фаза започнува околу деветтата година и трае се до 12. година од животот, Се забележува зголеме физички раст, а хормоните исто така се активираат и се подготуваат за „вистинскиот“ дел од пубертетот.

ФАЗА 2

Почетокот на пубертетот е помеѓу 12 и 15 година од животот, иако тоа може да започне и порано, а нешто поретко и подоцна. Освен што и натмау ќе растеш, ќе забележиш дека ти се развиваат мускулите и масното ткиво. Исто така се менува и ткивото околу градите. Имено, самите брадавици стануваат потемни и поголеми. Кај некои момчиња се развива и масно ткиво околу градите, па изгледа како да имаат женски гради. Ова појава е позната како гинекомастија и добра вест е што кај поголемиот дел оваа ткиво се повлекува откако пубертетот ќе започне да зема замав.

Покрај тоа започнуваат да растат и влакна околу коренот на пенисот, се зголемуваат тестисите, додека пенисот во оваа фаза се уште останува непроменет.

Мажите некогаш имале коска во пенисот, а еве зошто исчезнала

ФАЗА 3

Третата фаза е од 13. до 16. година од животот. Се одликува со развој на пенисот, кој најчесто расте во должина. Исто така, влакната стануваат се погусти и се шират и на торзото и останатите делови од телото. Се шират и рамениците, лицето добива позрел израз, растат влакна и на лицето, па е вистинско време за првото бричење. Гласот започнува да се менува, односно мутира. Во оваа фаза чести се и влажни сништа, односно неконтролирано исфрлување на семена течност за време на сон. Исто така, се чуствува и привлечност кон спротивниот пол, па започнуваат и мастурбациите.

ФАЗА 4

Од 15. до 17. година од животот пеисот повторно се развива, но сега расте во широчина. И натаму ќе се забележат промени на тестисите, односно ќе растат и ќе ја менуваат бојата, ќе стануваат потемни. И натаму ќе се забележува засилен раст на влакната на места на кои претходно биле помали – под рацете, на лицето, околу анусот. Кожата ќе станува помрсна и сколна на акни. Гласот ќе сетанува се подлабок.

5 фаза

Ова е последната ваза од пубертетот, а трае до 18 или 19 години. Сега веќе делуваш формирано и имаш изглед на маж, иако некои продолжуваат да растат и во дваесеттите години. Половиот орган изгледа како кај возрасен маж, а влакната по телото исто така го добиваат конечниот изглед. И галсот е подлабок, мутирањето е завршено. Ако досега можело да се избегнува редовното бричење, од сега тоа ќе биде почесто.

И запамети – доколку тре загрижува дали твојот пенис се развива нормално, никако не се споредува со братот, другарите или фотографии во книги и на интернет. Исто така, не дозволувај да паничиш или да се плашиш ако твојот пенис е поинаков од оној кој си го видел на некое друго место. Не е рално да се очекува сите да имаат ист пенис. Доколку и натаму имаш дилеми, најдобро е советите да ги бараш од лекари, а не од интернет и другари.

Leave a Reply