Најмалку осум лица загинаа, а 10 се хоспитализирани откако серија шумски пожари зафатија дел од источниот украински регион Луганск, соопшти денеска службата за итни случаи.
Loading...
Пожарите им се закануваат на 22 населени места и зафатиле површина од околу 9.300 хектари, се вели во соопштението на службата и се додава дека 120 лица биле евакуирани.
Локалните власти соопштија дека имало вкупно 146 пожари, од кои 82 биле изгаснати.
Украински власти соопштија дека пожарите можеби се предизвикани од гранатирање на блиската област која е под контрола на проруските сепаратисти.