Цреша – лек од природата подобар од аспиринот!

Сподели со своите пријатели

Црешата секако спаѓаа меѓу омиленото овошје, а поред тоа е вкусна и полна со лековити својства. Единствената мана им е што сезоната трае кратко.

Loading...

Црешите со векови во народот се познати како овошје на добар глас кое има многу лековити својства, а најновите истражувања тоа и го потврдуваат.

Често јадете помфрит? Подобро избегнувајте ја оваа лоша навика!

Тие се богати со антиоксиданси, па истражувањата покажаа дека поволно делуваат на превенција на срцевите заболувања, на здравјето на коските и намалување на болките. Покрај антиоксидансите, за тоа се заслужни и флавоноидите со кои се богати црешите.

Се верува дека поради големото количество на антоцијанин ова мирисно овошје може да ги намали болките и дека 20 цреши има подобро делување од еден аспирин.

Поради големото количество на бор, магнезиум и калциум тие ги чуваат нашите коски, а поради големото количество на вода и малку калории помагаат за намалување на килограмите, а поради комбинацијата на антиејџинг оксиданси, влакната, витамините и минералите ја прочистуваат крвта и ја зголемуваат енергијата.

Седум невистини за храната во кои и натаму веруваме

Поред лековитоста на самиот плод и кошпицата, лековитите својства содржат и петелките. Од петелките може да се направи чај, кој го олеснува лачењето на урината и ги решава проблемите поврзани со камењата во бубрезите.

Loading...

За чај е потребно да ставите една рака петелки во литар зовриена вода и оставете да зоврие две минути, а потоа да поседи околу 15 минути. После, исцедениот и изладениот чај се пие во мали голтки во текот на денот.

Leave a Reply