Кој тип на леб е најдобар за нашето здравје?

Сподели со своите пријатели

Во денешно време постојат многу видови леб кои многу се разликуваат по својот состав и нутритивната вредност, но секој од нив претставува основен животен производ. Во нашиот реон најмногу се јаде белиот леб, кој според оценките на стручните лица е со најлош квалитет.

Loading...

Лебот пред се е извор на јаглени хидрати кои не обезбедуваат со енергија. Содржи многу протеини и витамин Б1, а тоа не е за занемарување. Лебот треба да се чува на ладно и темно место, но никако на температура од -6 до +6 бидејќи така брзо се суши. Можете да го чувате и во замрзнувач, но пред употреба да го оставите да се одмрзне на собна температура.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НАУЧНИЦИТЕ: Избегнувањето на лебот во исхраната е голема грешка

Црн леб

Овој леб има исклучително висок процент на фосфор, но тоа во денешно време и не претставува некаква предност, бидејќи во прехранбената индустрија се повеќе се употребуваат фосфати, така што овој минерал и не ни е многу потребен. Количеството на натриум (800мг/100г) е поголемо отколку кај останатите видови.

Во споредба со останатите испитани видови, црниот леб е вистински рудник на железо и калиум.

Бел леб

И покрај тоа што овој леб е исклучително фин и вкусен, според содржината на минералите се наоѓа на дното на табелата. Тој има најмалку натриум, калциум и фосфор. Ова е најомилениот леб и може да се најде во сите продавници. Некогаш бил најмногу продаван поради својата ниска цена, но денеска чини колку и полуцрниот леб.

Loading...

Постојаното чувство на глад може да укаже на сериозни здравствени проблеми

Пченкарен леб

Овој леб некогаш претставувал храна за сиромашните. Во последно време научниците се повеќе го фалат поради неговите добри особини. Лебот од пченкарно брашно содржи триптофен и многу „специјални“протеини. Овој вид на леб содржи релативно малку калциум и калиум, меѓутоа има многу пепел. Негов недостаток е малото количество на влакна.

Полуцрн леб

Полуцрниот леб има ист однос на ’ржано и пченично брашно, околу 40%. Тој е омилен во исхраната и фитотерапевтите со задоволство го препорачуваат, па ќе го сретнете во многу рецепти за здрава храна. Содржи малку помалку јаглени хидрати од останатите видови, а според содржината на протеини единствено го надминува „Грахам“ лебот. Спаѓа во групата на евтини лебови.

Овие намирници што ги јадеме секој ден предизвикуваат мигрена

’Ржен леб

Содржината на макро- материите е слична како и кај белиот леб, но содржи повеќе влакна, па затоа желудникот потешко го вари од останатите видови леб. Подолго останува свеж и помалку се рони од белиот леб, а го препорачуваат многумина кои ја промовираат здравата исхрана. Богат е со магнезиум, па поради тоа го спречува високиот крвен притисок и има два пати повеќе калиум отколку во белиот пченичен леб. Богат е со витамините Б1 и Б2.

Loading...

„Грахам“ леб

Овој леб е многу богат со витаминот Б1, но има и други добри особини. Содржи двапати повеќе влакна од омилениот бел леб, а има и повеќе протеини. За време на подготовката на овој леб хранливите лушпи и никулци од житарките не се уништуваат, туку остануваат во лебот. Секако ги заслужува сите пофалби, но има еден недостаток – поскап е од останатите.

Што се случува со телото кога ќе го исфрлите белиот леб од исхраната?

Содржина на влакна (100г):

– црн леб 6,8

– бел леб 3,9

– полуцрн леб 5,2

– грахам леб 9,8

Loading...

– ржен леб 7,6

– пченкарен леб 2,2

Што се случува кога ќе престанете да јадете леб?

Совети при купување на леб

Експериментирајте, пробајте ги сите видови на леб.

Прочитајте ја декларацијата на лебот и проучете ги податоците.

Loading...

Површината на лебот (рапава, брашнеста, сечена) и бојата на кората кажуваат многу за квалитетот на лебот.

Со притискање заклучете дали лебот е свеж.

Секогаш, купувајте друг вид на леб, така вашиот организам подолго ќе ужива во различните и разновидни состојки и хранливи материи.

Leave a Reply