Што се случува со телото кога ќе го исфрлите белиот леб од исхраната?

Сподели со своите пријатели

Сигурно сте знаеле дека лебот не е баш најдобар избор ако сакате да слабеете. Затоа, кога би го исфрлиле од исхраната би забележале одлични резултати по прашањето на вашата тежина – побрзо ќе слабеете, но и уште нешто.

Loading...

Лебот на многумина им е неизбежна намирница без која не може да им помине денот. Но, исто така, ова јагледно-хидратна бомба доаѓа во многу различни форми од кои некои се штетни за нашето тело и линија, додека други заслужуваат само пофалби.

Дознајте што ќе се случи со вашето тело ако од исхраната целосно го исфрлите белиот леб.

1. Ќе ги изгубите килограмите предизвикани со вода

Лебот е преполн со јаглени хидрати, а наглото исфрлување на истите од исхраната на вашето тело ќе се забележи скоро во истиот момент и тоа во форма на губење на килограмите. Но, не станува збор за инстант слабеење туку губење на водата која се насобрала во телото. Телото складира јаглехидрати во форма на гликогени, млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглехидрати е задржан во телото.

2. Нема постојано да бидете гладни

Преработените јаглехидрати, какви што ги има во лебот, во вашиот организам предизвикуваат нагло покачување на шеќерот во крвта кој потоа многу лесно опаѓа. Овие луди промени во мозокот испраќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството на глад и желбата за храна поради што се здебелуваме. Тоа не значи дека од вашата исхрана целосно мора да го исфрлите лебот, туку празните калории и белиот леб да ги замените со оние направени од целосни житарици кои го регулираат и балансираат нивото на шеќер во крвта.

3. Енергијата ќе расте, а варењето ќе се подобри

Loading...

За разлика од интегралниот или црниот, белиот леб не содржи влакна кои се преку потребни за нормална работа на цревата и варењето. Таквата храна предизвикува затвор и проблеми со дигестијата. Откако ќе го исфрлите белиот леб од мените и во секојдневната исхрана ќе внесете целосни житарици, варењето ќе започне со нормална и олеснета работа.

Leave a Reply