Пролетта и летото се делови од годината во кој имаме пристап до изобилство од најразновиден зеленчук.
Вкусно, здраво и достапно по многу поволни цени, зеленчукот може да биде дури и компонента на плескавиците, како одлична замена за меленото месо, доколку се одлучите за нешто поздрава верзија или сте вегетаријанец.
Вкусен сладолед од јагода кој можете да го направите и дома
Во продолжение рецепт за плескавици од зелени тиквички.
Состојки:
500 гр рендани тиквички
200 гр сирење
100 гр брашно
ВКУСНО И ЗДРАВО: Плескавици од брокули и компири
2 јајца
2-3 чешниња лук
сол, масло
Подготовка:
Крупно изренданитее тиквички оставете ги добро да се исцедат. Изматете ги јајцата, додадете брашно, сирење, а потоа додадете тиквички и ситно рендан лук.
СУПЕР ЗДРАВ ПОМФРИТ: Трикот е во подготовата, а подеднакво е вкусен!
Со лажица одвојувајте ја смесата и редете во тава со добро загреано масло. Пржете неколку минути, а потоа извадете ги плескавиците и ставајте ги на хартиена крпа за да се отстрани вишокот на маснотии.
На здравје!