Градоначалник пијан легнал во ковчег и се преправал дека е мртов (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на еден перуански град  „се преправал дека е мртов“ кога полицијата дошла по него затоа што тој се опивал со пријателите за време на изолацијата и со тоа ги прекршил пропишаните епидемиолошки мерки.

Loading...

Џејми Роландо Урбина Торес „спиел“ во отворен ковчег со маска на лицето кога полицајците дошле во градот Тантар во понеделникот вечерта за да го уапсат. Полицијата на крајот го фотографирала неговиот обид за глума.

Ја изневерил, а таа му приреди одмазда на која сите соседи се смееја (ВИДЕО)

Тој е обвинет за кршење на мерките за социјално дистанцирање затоа што пиел со пријателите, а исто така бил под дејство на алкохол кога бил уапсен.

Претходно, неговите сограѓани го обвинија дека не го сфаќа сериозно коронавирост и дека не преземал доволно безбедносни мерки за да го заштити нивниот град.

Локалното население е во изолација 66 дена откако владата донесе таква одлука за целата држава. Тие тврдат дека градоначалникот бил во изолација само осум дена.

Се соблече гол пред камион за дезинфекција, но бргу зажали (ВИДЕО)

Во Перу се пријавени повеќе од 100.000 случаи на коронавирус, а починале 3.024 лица.

Loading...

Leave a Reply