Слоновите се меѓу животните кои најлесно се напиваат со јадење одредени видови овошје, а најголемите копнени животни се меѓу најтешките кога станува збор за толеранцијата на алкохолот, покажаа новите истражувања.
Причината за ова е генот одговорен за метаболизмот на алкохол, пренесува Science News.
Ловокрадци убија две бели жирафи: Во светот остана уште само една!
Мутација во генот ADH7, која е присутна кај слонови, како и кај некои други цицачи, доведува до потешка обработка на етанол во организмот, вели Марике Јанијак, професор по антропологија на Универзитетот во Калгари во Канада.
Таа и нејзините соработници откриле дека овој ген кај слоновите овозможува полесно формирање на етанол во организмот и негово внесување во крвотокот.
За разлика од слоновите, другите животни кои ја имаат оваа мутација на генот ADH7, генерално, не се хранат со овошје како што е марула од семејството манго, која се претвора во алкохол во организмот, поради што во Африка има чести сцени на пијани слонови.
Слонови избегаа од циркус за да си играат во снегот (ВИДЕО)
Како изгледа кога ќе се напијат слоновите погледнете во видеото подолу.