Алеира Авендано стана позната по многуте операции што ги имала, и гордо го носи прекарот „Латинската барби“.
Досега имала 38 операции за кои отворено зборува, а нејзината желба е да изгледа повеќе како барбика, па затоа планира уште неколку корекции.
Поради својот изглед, таа се здружи во една телевизиска станица, каде ќе започне да работи како презентерка.
„Ги зголемив градите седум пати, имав операција на носот пет пати, 18 пати имав липосукција, ги зголемив устата, ги корегирав забите, што и да било“, рекла Алеира.
„Инвестирав 200.000 долари во операции, но исто така и време, напор и посветеност. Никогаш не се плашев да одам под нож затоа што секогаш одев кај специјалист и истражував за постапката што ја правев”, додаде таа.
Покрај операциите што ги направила, Алеира носела и корсет за да го обликува своето тело и да изгледа што е можно подобро.
Корсетот го носела 23 часа на ден, 9 години, а го соблекувала само кога се капела.